Една храбра Русинка успеа да изведе банџи скок, од мост речиси 30 метри висок, ама без јаже!
Заедно со своето момче, врзан за јаже, гушнати и двајцата скокнале од мостот.
Единствена гаранција за живот ѝ била нејзината сила, која доколку малку ја изневерила би паднала во водата, а тоа би значело дека скокот за неа ќе завршеше фатално.
Но, ниту рацете ниту нозете не ѝ попуштиле, а девојката за време на својот банџи скок не испиштила ниту глас.
Навистина храбро и лудо. Погледнете го видеото кое за кратко време шокираше илјадници:


