Порталот „Охрид1“ објави видео од неодамнешната посета на министерот за здравство, Никола Тодоров, на охридската општа болница. Тој на лекарите им објаснува како може најдобро да научат да оперираат – со помош на симулатор, нешто што го пробал и самиот министер.
Тој ова го спореди со видео игра, но рече дека имал перфектен резултат, што значи дека може слободно да почне да изведува и операции.


