Првиот женски тениски светски рекет, Американката Серена Вилијамс е прогласена за најдобра тенисерка во 2013 година.
Изборот го спроведе Светската тениска асоцијација – ВТА.
За Вилијамс ова е второ вакво признание по ред и вкупно петта ваква награда во нејзината кариера.
Триесет и две годишната Американка беше прогласувана за најдобра и во 2002, 2008, 2009 и 2012 година.
Годинава помладата од сестрите Вилијамс одигра 82 мечеви и победи на 78 од нив освојуваќи 11 трофеи меѓу кои и Грен Слемовите „УС Опен“ и Ролан Гарос“.


