Осасуна со гол во финишот го победи Ваљадолид

Со голот на Ојер постигнат во 84.минута, Осасуна синоќа на гостински терен со 1:0 го победи Ваљадолид во натпревар на две екипи од долниот дел на табелата.

Ова беше дуел со кој започна 14.коло во шпанската Примере Дивизија.

На четирите денешни натпревари играат: Барселона – Гранада, Сосиедад – Селта Виго, Алмерија – Реал Мадрид, Атлетико – Хетафе.

И за утре се закажани четири средби: Леванте – Виљареал, Рајо Ваљекано – Еспањол, Елче – Валенсија и Севиља – Бетис.

Оваа рунда ќе биде комплетирана в понеделник со дуелот Малага – Атлетик Билбао.

Табела: Барселона 37 бодови, Атлетико Мадрид 34, Реал Мадрид 31, Виљареал 24, Атлетико Билбао 23, Хетафе 20,

Најчитани вести