Фудбалерите на Челзи забележаа победа со 3:0 на гостувањето кај Вест Хем во последниот денешен дуел од 12.круг во англиската Премиер лига.
Френк Лампард од пенал во 21.минута и Оскар 13 минути подоцна погодија во првото полувреме, а Лампард во 82.минута погоди по вторпат за убедлива победа на „сините“ од Лондон.
Со новите три бода Челзи е третопласиран со вкупно 24 бода, исто колку што има и вториот Ливерпул.
На другите шест денешни натпревари од овој круг постигнати се следниве резултати: Евертон – Ливерпул 3:3, Фулам – Свонси 1:2, Хул Сити – Кристал Палас 0:1, Њукасл – Норвич 2:1, Стоук – Сандерленд 2:0 и Арсенал – Саутемптон 2:0.
Неделната програма од 12.коло ги нуди дуелите Манчестер Сити – Тотенхем и Кардиф – Манчестер Јунајтед.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со средбата Вест Бромвич Албион – Астон Вила.
Табела: Арсенал 28 бода, Ливерпул 24, Челзи 24, Саутемптон 22, Евертон 21,…


