Новата сезона од Светскиот куп во скијачки скокови е отворена во германскиот Клингентал со победа на Словенија.
Словенечкиот национален тим го сочинуваа Јуриј Тепеш, Роберт Крањец, Јака Хвала и Петер Превц. Поради силниот ветер на скокалницата се изведуваа скокови само во една серија.
Победничката репрезентација освои 540,6 бодови, а најдолгиот скок го имаше Крањец со 141,5 метри.
Пласман: Словенија 540,6 бодови; Германија 528,3; Јапонија 523,6; Полска 521,1; Австрија 499,8….
Доколку дозволат временските услови денеска ќе се одржи натпреварувањето во поединечна конкуренција.


