Металург му се реваншира на Вардар

Македонскиот вицепрвак Металург го победи шампионот Вардар со 26:18 (полувреме 10:12) во вториот нивни меѓусебен дуел во елитното европско натпреварување Лигата на шампионите.

Вечерва во Националната Арена „Борис Трајковски“ во Скопје пред повеќе од шест илјади гледачи македонските претставници во ЛШ по вторпат за 10 дена одиграа дуел кој за разлика од претходниот, овој заврши со победа на тимот од Автокоманда.

Освен почетното водство од 1:0 за гостите од Автокоманда, „црвено-црните“ во најголемиот дел од првиото полувреме имаа предност од 1-3 за на пауза да одат со водство од 12:10.

Со серија од 3:0 на почетокот на вториот дел Металург не само што ја анулира негативата, туку го превзема водството кое во 47.минута изнесуваше 18:13 и во тој момент веќе се наѕираше победникот. Само шест погодоци за цело полувреме беа премалку Вардар да го избегне вториот пораз во ова натпреварување.

Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец со по 8 голови беа најефикасни во победничкиот состав, а на голот се истакна Раде Мијатовиќ со 10 одбрани.

Најзабележителен кај вардарци беше Тимур Дибиров со 5 погодоци, Страхиња Милиќ имаше 8 одбрани.

Вчера се одиграат првите два од 6.коло во Ц групта. Убедливи победи забележаа домаќините и први фаворити во групата: Барселона – Динамо Минск 35:25 и ПСЖ – Тун 38:24.

Табела: Барселона 11 бодови, Металург 8, ПСЖ 7, Вардар 6, Динамо Минск 4 и Тун 0.

Најчитани вести