Без победник со резултат 1:1 заврши претпоследниот натпревар од 13.коло во Италијанското фудбалско првенство одигран синоќа во Болоња каде истоимената домашна екипа го пречека Интер.
Панајотис Коне во 12.минута и донесе водство на Болоња, а изедначи бразилскиот интернационалец Џонатан во 51.минута.
Колото ќе биде комплетирано вечерва со средбата Рома – Каљари.
На другите натпревари од овој круг постигнати се следниве резултати: Ливорно – Јувентус 0:2, Сампдорија – Лацио1:1, Сасуоло – Аталанта 2:0, Торино – Катанија 4:1, Удинезе – Фиорентина 1:0, Верона – Киево 0:1, Наполи – Парма 0:1 и Милан – Џенова 1:1.
Табела: Јувентус 34 бодови, Рома 32, Наполи 28, Интер 26, Фиорентина 24, Верона 22,


