Градското дерби Севиља – Бетис заврши со убедлива победа на домаќинот од 4:0. По два гола во првото и во второто полувреме постигнаа фудбалерите на Севиља на дуелот со кој беше затворена неделната програма од 14.круг во шпанската Примера Дивизија.
Со оваа победа Севиља има вкупно 19 бодови и се искачи од 14. на 8.место на табелата додека Бетис остана на последната позиција со само 9 освоени бодови.
Оваа рунда ќе биде комплетирана вечерва со дуелот Малага – Атлетик Билбао (почеток 22 часот).
На другите натпревари одиграни викендов: Атлетико Мадрид – Хетафе 7:0, Алмерија Реал Мадрид 0:5, Барселона – Гранада 4:0, Сосиедад – Селта Виго со 4:3, Ваљадолид – Осасуна 0:1, Леванте – Виљареал 0:3, Рајо Ваљекано – Еспањол 1:4 и Елче – Валенсија 2:1.
Табела: Барселона 40 бодови, Атлетико Мадрид 37, Реал Мадрид 34, Виљареал 24, Атлетико Билбао 23, Сосиедад 20, Хетафе 20,


