Ракометарот на Вардар Тимур Дибиров повторно се најде во ТОП 5 головите на колото. Еден од петте голови на „вардарецот“ против Металург се најде на позицијата број 4 во изборот на најубавите голови на „ЕХФ ТВ“.
За разлика од претходните кола, овојпат во тимот на колото нема ниту еден играч од македонските екипи, ниту пак нашиот репрезентативец од Барселона, Кирил Лазаров се најде во изборот на магазинот.
Тимот на 6.коло го сочинуваат:
Лево крило – Хавард Тведтен (Алборг),
Лев бек – Бо Спелерберг (Колдинг),
Централен бек – Себастијан Скубе (Цеље),
Десен бек – Луис Фелипе Хименез Реина (Ла Риоха),
Десно крило – Јерко Матулиќ (Загреб),
Пивот – Јеспер Недесбо (Барселона),
Голман – Каспер Хвид (Колдинг).


