НБА: Победи на екипите од Лос Анџелес

Двете екипи од Лос Анџелес, „Клиперс“ и „Лејкерс“ остварија победи на домашен терен на ноќешните дуели во НБА лигата.

ЛА Клиперс беа убедливи против Чикаго и славеа со 121:82 и го искористија отсуството на Дерик Роуз, кој поради повредата на менискусот повторно ќе биде надвор од теренот.

Во „Стејплс центарот“ триумфираше и тимот на ЛА Лејкерс, кој славеше над Сакраменто со 100:86.

Преглед на резултатите: ЛА Клипрес – Чикаго 121:82, ЛА Лејкерс – Сакраменто 100:86, Орландо – Феникс 96:104, Бруклин – Детроит 97:109 и Оклахома Сити – Јута 95:73.

Вечерва се играат девет натпревари, а двојките се: Шарлот – Бостон, Индијана – Минесота, Детроит – Милвоки, Мајами – Феникс, Мемфис – Хјустон, Далас – Денвер, Сан Антонио – Њу Орлеанс, Јута – Чикаго и Портланд – Њујорк.

Пласман во Источна конференција: Индијана 12-1 (победи-порази), Мајами 10-3, Атланта 8-6, Чикаго 6-6, Шарлот 7-7, Торонто 6-7,…

Пласман во Западна конференција: Сан Антонио 12-1, Портланд 12-2, Оклахома Сити 9-3, ЛА Клиперс 10-5, Далас 9-5, Хјустон 9-5,

Најчитани вести