(ФОТО) Исполнета желбата на тешко болна девојка да се омажи

Храбрата тинејџерка Лесли Ривер (18), последните месеци се бори со тешката форма на леукемија, но меѓу лошите вести и редовните посети на болниците, успеа да најде време за да ја оствари својата најголема желба – да се мажи.

devojka_bolna11

Со помош на Фодацијата „Исполни ја желбата“, која работи на остварување на желбите на оние кои боледуваат од некоја смртоносна болест, беше остварен сонот на Лесли да се омажи за нејзиното момче Дениел Мендез, кој се грижи за неа од како и е дијагностицирана леукемија.

Лесли и Дениел се запознале на собир против расизмот кон крајот на минатата година и од тогаш се неразделни.

Откако заврши во болница често гледала реалити шоуа поврзани со венчавки, по што Дениел ја контактирал Фодацијата „Исполни ја желбата“ и побрала од водителот Дејвид Татер да му помогне околу плановите за венчавка.

– За само неколку дена Дејвид почна со работа, а неговата екипа го испланира секој детал за овој важен ден, изјави претставнилката на Фондацијата, Сара Пизарусо.

Лесли посакала веначавка како на филм, а Дejвид се погрижил да ѝ ја исполни желбата.

– Лесли едноставно зрачеше, се дружеше со гостите и беше насмеана. Никогаш не би рекле дека е болна. Сите можеа да видат дека навистина го сака Дениел, но и тој неа. Нема сомнеж дека тиа навистина се едно за друго, рече Пизарусо.

Иако и преостанаат само неколку месеци живот, Лесли одлично се забавува.

– Лесли, Дениел и нивните семејства имаа време да прослават, се смееја и играа, а тоа нешто не го планираа во последните неколку месеци, заклучи Сара.

Најчитани вести