ВИДЕО: Владиниот анти-абортус спот сега се правда со „цензура од СРД“

Спорниот владин пропаганден спот во кој абортусот се претставува како убиство, за кој Советот за радиодифузија одлучи дека не смее да оди на телевизија во оригиналната форма пред полноќ, деновиве повторно се емитува на јавниот сервис и на неколку приватни телевизии. Спотот оди во изменета форма – делот во кој лекарката му се обраќа на човекот со „честитам, убивте здраво бебе“ е заматен, а врз сликата се појавува натпис: „цензурирано од Совет за радиодифузија на Република Македонија“.

Во новата верзија, на крајот е додаден и цитат од Мајка Тереза, кој гласи: „Греота е детето да треба да го нема, за вие да живеете како што сакате…“