ВИДЕО: Неверојатен судир на БМВ и Мерцедес

Кога ќе одлучите да игра таканаречен руски рулет, поминувајќи со полна брзина низ раскрсница, и покрај црвеното светло на семафорот, тешко може да помине без последици.

Тоа се случи за време на претходната ноќ во Казахстан, и целиот овој настан беше снимен од безбедносна видео камера.

Само десет минути пред несреќата, полицијата запрела возило БМВ и сфатила дека возачот е пијан. Полицајците се одлучиле да го однесат пијаниот во станица, а бидејќи тој не сакал да се вози во патролното возило, зад воланот на неговиот автомобил седнал еден од полицајците.

Сепак, нивното патување до станицата заврши на најлош можен начин, и веќе на првата раскрсница возилото Мерцедес, кое поминало на црвено светло, во полна брзина се заби во БМВ-то …

Пијаниот возач на БМВ-то починал на местото на настанот, полицаецот кој го управувал БМВ-то починал утрово, додека возачот на Мерцедесот се уште се бори за живот.

Погледнете како изгледаше овој трагичен момент: