Потпретседателот на Милан Адриано Галијани ги информира италијанските медиуми дека клубот од „Сан Сиро“ е во потрага по засилувања на стоперската позиција и за напаѓачкиот ред на позицијата крило.При тоа првиот оперативец на „росо-нерите“ демантира заминување на Балотели од Милано.
– Имаме јасни цели за зимскиот преоден рок. Бараме стопер и крилен напаѓач, изјави Галијани и додаде дека Балотели сигурно останува.
Околу италијанскиот репрезентативен напаѓач се појавија шпекулации дека по саботните 1:1 со Џенова, два дена доцнел на тренинзите и дека тоа е некаков знак на незадоволство.
– Дали Балотели е несреќен во Милан? Тој ќе остане овде, 101 насто сум сигурен. Истото се однесува и на Стефан Ел Шарави. Имавме неколку понуди за двајцата, но ги одбивме, истакна Галијани.
Милан по 13 кругови во Италијанското фудбалско првенство се наоѓа во долниот дел на табелата (13.место со 14 бодови) и ефект од само 3 победи, 5 нерешени и 5 загубени натпревари.


