Претставничката на Македонија на претстојниот Евросонг 2014 во Копенхаген ќе ја изведе победничката песна „Победа“ на англиски јазик, дознава „Коза ностра“. Овој драматичен пресврт се случил откако во штабот пресметале дека гласовите на таксистите ширум Европа може да бидат пресудни за крајниот епилог. Песната „Win“ во моментов се преведува во „(W)in taxy“, во консултација со Министерството за транспорт, преводи, толкувања и врски.
– Се надевам дека преводот ќе ја долови суштината на песната. Јас не ја делам публиката според нивото на познавања на англискиот јазик. За мене се исти и министри и таксисти. Но, проценката на мојот тим е дека мора да одиме со песна на англиски јазик бидејќи сите што барем малку разбираа македонски се откажаа од Евровизија – изјави поп-дивата.
ИЗВОР: Коза ностра – портал за забава и сатира


