Екипа: Бошко Ѓуровски ќе ги враќа Пандев и Попов во репрезентацијата

Прв чекор на новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски ќе биде да разговара со Горан Пандев и со Горан Попов за нивно враќање во националниот тим. Ова Ѓуровски го изјави во интервјуто за порталот Екипа веднаш по неговата промоција.

-Се уште сум во Јапонија, имаме обврски до 9 декември со Нагоја, а потоа доаѓам на промоција во Скопје. Голема чест и задоволство ми е што сум назначен за нов македонски селектор и ќе го вложам целиот свој потенцијал за да напредуваме како репрезентација на фудбалски план. Секако дека во репрезентацијата треба да играат најдобрите и најподготвените. Така ќе биде на секој меч, кога ќе игра Македонија под моја команда. Доаѓам за две седмици, ќе имам разговори со раководството на ФФМ, а веднаш потоа сакам и да разговарам со дел од фудбалерите, да видам какви се размислувањата и на Горан Пандев, Горан Попов, Николче Новески и сите останати репрезентативци, затоа што сакам Македонија навистина да ја има најдобрата можна селекција во идниот квалификациски циклус- вели Ѓуровски.

Новиот селектор најавува дека Македонија ќе игра напаѓачки и динамичен фудбал.

Најчитани вести