По одигрувањето на синоќешните натпревари од 5.коло во фудбалската Лига на шампиони од групите од Е до Х продолжува неизвесноста во групата Ф. Сепак Арсенал и Борусија Дортмунд се имаат поголеми шанси од Наполи. Доколку италијанскиот претставник дома го победи Арсенал во последното коло, а Борусија слави кај Олимпик во Марсеј. Тогаш и 12 бода ќе бидат малку за пласман во следната фаза и мини-табелата на трите екипи ќе решава за првите две места.
Најголемото изненадување синоќа го направи Базел, кој вторпат оваа сезона во групата славеше над Челзи. Овојпат триумфираше со 1:0. И покрај поразот Челзи се пласира во нок-аут фазата.
Во последното коло во меѓусебниот дуел за вториот патник ќе решаваат Шалке и Базел.
Меѓусебниот дуел од 6.коло меѓу Милан и Ајакс ќе биде пресуден, која екипа ќе и се приклучи на Барселона во следната фаза.
Од македонските интернационалци Горан Пандев за Наполи одигра 76.минути на дуелот Борусија Дортмунд – Наполи, додека Даниел Георгиевски беше на клупата на Стеауа и не доби шанса за настап против Шалке.
Преглед на резултатите од 5.коло:
Е група: Базел – Челзи 1:0 и Стеауа – Шалке 0:0
Табела: Челзи 9 бодови, Базел 8, Шалке 7, Стеауа 3.
Ф група: Арсенал – Олимпик Марсеј 2:0 и Борусија Дортмунд – Наполи 3:1.
Табела: Арсенал 12, Борусија Дортмунд 9, Наполи 9, Олимпик Марсеј 0.
Г група: Зенит – Атлетико Мадрид 1:1, Порто – Австрија Виена 1:1.
Табела: Атлетико Мадрид 13, Зенит 6, Порто 5, Австрија 2.
Х група: Ајакс – Барселона 2:1 и Селтик – Милан 0:3.
Табела: Барселона 10, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3.
Вечерва се играат натпреварите од 5.коло во групите од А до Д.


