Шест поени за Антиќ во поразот од Орландо

Кошаркарите на Атланта претрпеа пораз пред своите навивачи на ноќешниот дуел со Орландо со 92:109 (25:26; 28:23; 20:36 и 19:24). Перо Антиќ постигна 6 поени за нешто повеќе од 6 минути, постигна една тројка и три поени од линијата за слободни фрлања.

Атланта по 15 одиграни натпревари има 8 победи и 7 порази.

Лошото второ полувреме за Атланта кое Орландо го доби со 60:39, беше решавачко за вториот пораз по ред за Атланта. Домашната екипа водеше со 65:64 на пет минути докрајот на третиот период, но во продолжение од дуелот Орландо беше доминантен и заслужено стигна до петтата победа во лигата.

Најпрецизен на натпреварот беше Арон Афлало со 26 поени, додека црногорскиот репрезентативец Никола Вучевиќ имаше 12 поени и 15 скокови.

Кај поразените најефикасен беше Џеф Тиг со 15 поени.

На другите три НБА натпревари одиграни ноќеска: Торонто – Бруклин 100:102, Вашингтон – Лос Анџелес Лејкерс 116:111 и Њу Орлеанс – Голден Стејт 101:102.

Вечерва се играат 13 натпревари: Шарлот – Индијана, Орландо – Филаделфија, Бостон – Мемфис, Бруклин – ЛА Лејкерс, Кливленд – Мајами, Детроит – Чикаго, Хјустон – Атланта, Милвоки – Вашингтон, Минесота – Денвер, Минесота – Сан Антонио, Далас – Голден Стејт, Феникс – Портланд и ЛА Клиперс – Њујорк.

Пласман во Источна конференција: Индијана 13-1 (победи-порази), Мајами 11-3, Атланта 8-7, Шарлот 7-8, Чикаго 6-7, Торонто 6-8, Детроит 6-8, Вашингтон 6-8,…

Пласман во Западна конференција: Сан Антонио 13-1, Портланд 13-2, Оклахома Сити 9-3, ЛА Клиперс 10-5, Хјустон 10-5, Голден Стејт 9-6, Далас 9-6, Денвер 7-6,

Најчитани вести