Прославениот српски кошаркар Александар Ѓорѓевиќ е прв фаворит за испразнетото селекторско место на репрезентацијата на Србија по оставката на Душан Ивковиќ, информира дневниот спортски весник „Спортски журнал“.
Според оваа информација, потпретседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Дејан Бодирога деновиве имал средба со својот некогашен соиграч од репрезентацијата, кој ја потврдил својата подготвеност да ја презеде селекторската функција.
Како можни против кандидати на Ѓорѓевиќ се споменуваат и имињата на Саша Обрадовиќ, Игор Кокошков и Александар Кесар кој доби и препорака за селекторското место од Душан Ивковиќ.
Александар Ѓорѓевиќ досега во својата тренерска кариера ги има предводено италијанските екипи Армани Џинс од Милано и Бенетон од Тревизо.


