Нагатомо азиски фудбалер на годината

Фудбалерот на калчолигашот Интер и јапонски репрезентативец Јуто Нагатомо денеска е прогласен за најдобар азиски интернационалец за 2013 година.

Тој во изборот на Азиската фудбалска федерација го освои првото место пред неговиот сонародник и член на ЦСКА Москва Кеисуке Хонда. Третото место му припадна на играчот на Баер Леверкузен, Јужнокорејецот Хунг-Мин Сон.

Нагатомо во Интер пристигна на почетокот од 2011 година. Во 110 негови настапи за „неро-азурите“ има постигнато девет голови.

Во дресот на јапонскиот национален тим бил 63 пати и постигнал три погодоци.

Најчитани вести