Bad Copy на Офф – Таксират 15

На 14 декември со почеток во 22:00 часот во ’Експо Центар’, познатото белградскo хип – хоп трио, Bad Copy, ќе ја забавува публиката како дел од офф-програмата на јубилејното 15. издание на фестивалот Таксират.

По неколку години отсуство, Bad Copy во април годинава се врати на сцената со новиот албум „Кригле“ кој ги собра позитивните критики во регионот. Скај Виклер (Ѓорѓе Миљеновиќ), Ајс Нигрутин (Владан Аксентијевиќ) и Тимбе (Рашид Куртановиќ) го задржаа препознатливиот сатиричен стил поради кој станаа и една од најпопуларните хип – хоп групи во регионот. Нивниот настап во рамки на Таксират 15 ќе биде прилика првпат да го чуеме во живо материјалот од новиот албум, но и старите хитови кои ги прославија незаменливите Bad Copy.

Билетите за концертот на Bad Copy се веќе достапни во продажната мрежа на МКтикетс:
Продажните салони на One низ Македонија
Во Скопје: Југотон, Розе Веро 2, Камарад Рамстор, Кафе Браво, Кафе Круг Аеродром.

Цената на билетите во претпродажба е 200 денари, а на влезот на „Експо Центар“ истите ќе чинат 300 денари.

Најчитани вести