Можноста да прошетате и да работите надвор од земјава, денес е се подостапна за младите. Но во последно време Америка не е дестинацијата по која копнеат младите во Битола, и Македонија. А токму за таа цел се повеќе агенции нудат работа и во европските земји, од кои најпривлечна дестинација е Германија.
Покрај програмата Work & Travel за Америка во последните години е се поактуелна и летната студентска понуда за Германија. Оваа програма им овозможува на студентите од Македонија да поминат едно лето во Германија, да престојат и да се стекнат со работно искуство а покрај тоа и да го усовршат германскиот јазик.
Накратко, Work and Travel програмите Ви овозможуваат едно несекојдневно искуство, можност да го видите светот не само како туристи туку и да станете дел од социјалниот живот на една друга држава – Германија. Исто така Ви дава и можност да научите јазик и стекнете искуство од луѓе од различни националности, живеејки и работејќи со нив. Оваа привилегија на студентите од Македонија им ја овозможуваат ексклузивно ЈК преку Бирото за вработување ZAV во Бон, Германија .
Се со цел граѓаните и младите подобро да се запознаат со оваа работа, викендов во Битола се одржа и првата презентација и интервју со работодавец од Германија, каде се зборуваше за сите детали, за се она што младите сакаа да знаат доколку решат да заминат да работат во Германија. Како што велат од ЈК Травел, младите најчесто прашуваат за висината на платата, за тоа колку би заработиле. Но овде е и дружењето со многу студенти како нив, на кои им е дозволено 3 месечен престој во Германија, со еден месец грејс период, да прошетаат и да ја запознаат земјата.
Во Германија има толку малку невработени млади луѓе како во никоја друга земја од ЕУ. Според Службата за статистика Евростат, во јуни невработени биле 350 луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години. Со тоа стапката на невработени млади во Германија изнесува 7,9 проценти, што е намалување во однос на минатата година.
А не и чудо што е така, ако се земе во предвид фактот дека најниско платениот работен час во Германија изнесува 6,5 евра и таа цена се движи во нагорна линија, велат од агенцијата.
Интересот за работа во Германија од година во година се зголемува, задоволни се од она што таму ќе го научат и секако од можноста да го усовршат германскиот јазик.
Ако сакате и вие да аплицирате се што ви треба е да сте студент, да имате од 19 до 29 години, и да го познавате германскиот јазик, колку за да може да комуницирате.
Стабилност, сигурност, професионална работа се карактеристиките на „ЈК Травел“.
Аплицирајте и станете дел од тимот кој е спремен за стекнување со нови искуства, забава, работа, и пари во Германија. Секоја шанса за практична работ надвор од Македонија, дополнително ви ги зголемува можностите при вработување и кај нас. Искористете ја шансата и станете дел од програмата на ЈК.
За повеќе информации посетете ја веб страницата на ЈК.


