(ВИДЕО) Седумгодишно момче погодено во глава од дел од метеорит

 Седумгодишниот Стивен Липард бил погоди со непознат предмет во главата додека си играл во во дворот на неговиот дом во градот Локахачи во американсакта сојузна држава Флорида.

– Прво мислевме дека станува збор за топче за голф или за птици, но тогаш видовме мали камчиња, изјави за телевизијата Си-Би-Ес 12 таткото на Стивен, Вејн Липард, кој е уверен дека станува збор за делови од метеорит, поради што камчињата ги однел во Универзитетот Атлантик во Флорида за да проверат за што станува збор.

kamen

Анализата покажала дека се работи за високо магнетизирани камења, а семејството наскоро ќе дознае дали се работи за делови од метеорит или нешто друго.