(ВИДЕО) Многу сме дарежливи: Син на македонски политичар ѝ дал бакшиш 3.000 евра на Сораја

Српски „Alo!“ пишува дека Сораја Вучелиќ неодамна во еден ноќен клуб во Македонија, односно во дискотеката „Мистик“ во Штип,  покажала дека има талент за пеење, а набрзо својот талент го наплатила. Таа на синот на еден македонски политичар му пеела „на увце“ и заработила неверојатни 3.000 евра.

Старлетата пеела во ноќниот клуб „Мистик“ во Штип, каде истата вечер синот на македонскиот политичар славел роденден и ја замолил Сораја да му посвети неколку песни.

Српски „Alo!“ има потврда од старлетата за оваа случка, иако таа не открива кому му пеела и колку бакшиш добила.

– Вистина е дека добив убав бакшиш. Момчето славеше роденден, посака да отпеам нешто за него и за друштвото и тоа го сторив. Прекрасно си поминав. Чув дека е син на некој познат политичар, но не би сакала да откријам на кој – вели Сораја.

Најчитани вести