ВИДЕО: Нов пораз на Атланта овојпат од Хјустон

Кошаркарите на Атланта повторно беа поразени во НБА лигата. Тие ноќеска беа совладани од Хјустон со 113:84 (30:19; 26:26; 21:22 и 36:17). Ова е најубедлив пораз на Атланта во оваа сезона од 29 поени разлика. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ не доби шанса да се појави на теренот.

Домаќинот Хјустон натпреварот го одигра без најдобриот стрелец Џејмс Харден, а Џереми Лин поради повреда беше приморан да го напушти теренот. Нивното отсуство го надополнија играчите од клупа Арон Брукс и Франциско Гарсија, кои постигнаа по 21 поен. Кај Атланта Пол Милсап со 16 поени беше најефикасен.

Следниот натпревар Атланта го игра против Далас на домашен терен на 29 ноември.

Во дербито на Западната конференција Оклахома Сити го победи Сан Антонио, додека Феникс славеше победа над Портланд и ја прекина неговата серија од 11 победи. Ова беа порази на водечките две екипи од Западната конференција.

Преглед на резултатите на натпреварите одиграни ноќеска: Шарлот – Индијана 74:99, Орландо – Филаделфија 105:94, Бостон – Мемфис 93:100, Бруклин – ЛА Лејкерс 94:99, Кливленд – Мајами 84:95, Детроит – Чикаго 79:99, Хјустон – Атланта 113:84, Милвоки – Вашингтон 92:100 (продолжение), Минесота – Денвер 110:117, Оклахома Сити – Сан Антонио 94:88, Далас – Голден Стејт 103:99, Феникс – Портланд 120:106 и ЛА Клиперс – Њујорк 93:80.

Пласман во Источна конференција: Индијана 14-1 (победи-порази), Мајами 12-3, Чикаго 7-7, Атланта 8-8, Вашингтон 7-8, Шарлот 7-9, Торонто 6-9, Детроит 6-9,…

Пласман во Западна конференција: Сан Антонио 13-2, Портланд 13-3, Оклахома Сити 10-3, ЛА Клиперс 11-5, Хјустон 11-5, Далас 10-6, Денвер 8-6, Голден Стејт 9-7,…

Најчитани вести