Екипите на Хамбург и на Горење остварија победи на синоќа одиграните натпревари од 7.коло од Д групата во Лигата на шампионите. Европскиот шампион Хамбург ја совлада шпанската Ла Риоха со 34:27 и обезбеди пласман во ТОП 16 фазата. Во вториот дуел Горење победи како гостин против Халмштад со 40:32. Во последниот натпревар од групата ќе играат Алборг и Флензбург.
Денеска се игра еден натпревар од групата А. Мотор Запорожје е домаќин на тимот на Рајн Некар Ловен. Во текот на викендот се играат и натпреварите од другите групи, кога ќе настапат македонските екипи во рамките на групата Ц. Вардар во сабота гостува кај Барселона, додека Металург во недела е домаќин на Вакер Тун. Во третиот дуел од оваа група во недела во Минск ќе играат Динамо и ПСЖ.


