Глумев дека сум повреден за да го гледам Партизан, вели македонскиот репрезентативец и еден од главните играчи на Металург, Наумче Мојсовски во изјава за српскиот портал „Мондо рс“. Мојсовски стана интересен за српските медиуми откако пред дербито со Вардар, на Ју тјуб се појави снимка од тоа како Мојсовски го бодри Партизан во Белград, што беше повод за бројни навреди од навивачите на Вардар. Сега ракометарот на Металург признава дека лажирал повреда ова лето, додека екипата била на подготовки на Златибор, за да „избега“ во Белград и да го следи вечното дерби против Црвена Звезда.
-Кога и да ми се укаже шанса, доаѓам во Белград да го бодрам Партизан. Оваа година имавме подготовки на Златибор, исценирав повреда само за да дојдам во Белград, демек на прегледи, а всушност сакав да го гледам дербито. По мене на Златибор дојдоа другарите од Скопје, па заедно отидовме на натпреварот- вели Мојсовски за „Мондо“.


