Македонскиот вицепрвак Металург во недела има шанса да го обезбеди пласманот во ТОП 16 фазата од Лигата на шампионите во зависнот и од резултатот од натпреварот меѓу Динамо Минск и ПСЖ што се игра во Минск. Тренерот на Металург, Лино Червар во пресрет на неделниот дуел на денешната прес конфренција истакна дека противникот е последен во групата, но се екипа со ентузујазам и мотивација, дури и кога губи.
– Тие не се предаваат никогаш и затоа треба да бидеме внимателни. На првиот натпревар во 1.коло кој го добивме на гости (23:22) имавме водство, но тие се бореа да последен момент. Ова воедно е последен натпревар од Лигата на шампионите оваа година и би било убаво со победа и со пласман во ТОП 16 да ја завршиме оваа фаза. За нас многу ќе значи тоа бидејќи трета година почнуваме од квалификациите и во 7.коло обезбедуваме пласман во осминафиналето, рече Червар.
Ванчо Димовски на првиот дуел со Вакер постигна два гола.
-Овие натпревари се секогаш тешки особено што ривалот е последен на табела без бодови и „не намачи“ на првиот дуел. Но, убаво би било заедно со нашата публика како и во претходните две години и оваа во седмото коло да обезбедиме пласман во следната фаза пред Нова година, изјави Димовски.
Натпреварот Металург – Вакер Тун се игра во недела со почеток 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и е последен од групата Ц. Во сабота (16.15 часот) играат Барселона и Вардар, а во недела од 15 часот Динамо Минск – ПСЖ.


