ФК „Ѓер“ им ги одзеде автомобилите на своите фудбалери

Раководството на унгарскиот фудбалски клуб „Ѓер“ одлучи на своите играчи да им ги одземе службените автомобили и на тој начин да ги казни за неочекуваниот пораз од 3:0 од „Мезоковед“.

Разочаран од играта на своите фудбалери, „Ѓер“ им ги одзеде клучевите од автомобилите марка „Ауди“, кој е главен спонзор на клубот.

„Ѓер“ е актуелен шампион на Унгарија, а по овој пораз се наоѓа на шесто место на табелата.

Засега не се знае кога на играчите ќе им бидат вратени клучевите од автомобилите, а екипата во меѓувреме го победи „Капошвар“ со резултат 2:1, со што се пласира во четвртфиналето на националниот Куп.

Најчитани вести