37-годишниот Горан Симеонов од виничкото село Црн Камен е тешко болен и веќе пет години умира сам. Од својата 20-та година тој се бори со опаката мултиплекс скелроза, која полека но сигурно му го уништува телото.
Животот за него завршил во моментот кога лекарите му ја соопштиле дијагнозата, но до пред пет години, во живот го одржувала само родителската грижа и љубов.
Сега, во маката Горан одвреме – навреме го пригледнуваат само оние во кои останало срце и душа, но грижата е далеку од она што на него му е потребно. Поради ова, Горан бара некој кој 24 часа ќе биде со него.
Но во Црн Камен, таков човек за него нема, па втора шанса е институционалното згрижување. Но, емотивноста и приврзаноста кон сопствениот дом, се пречка која Горан не може да го оддели од родното село и куќата каде, во својата предвреме згасната младост, единствено бил среќен.
Единствена надеж за достоинствен живот и во болеста на Горан сега му е туѓата помош за која тој нема да остане должен и чесно ќе си ја плати. Но неизвесно е дали неа ќе ја добие до 5-ти декември или остане сам да венее во четирите ѕида на родната куќа кои сега се претворија во негов затвор.
ИЗВОР: ТВ Стар


