Водечките екипи во групите обезбедија пласман во ТОП 16 од Евролигата

Четири екипи кои се наоѓаат на лидерските позиции во кошаркарската Евролига веќе обезбедија пласман во следната фаза уште пред комплетирањето на 7.рунда.

Своите натпревари од овој круг ги завршија Олимпијакос и Реал Мадрид кои имаат 100отстотен ефект, додека Локомотив Кубан има само еден пораз.
Шанса за скор 7-0 има и Фенербахче Улкер за кого настапува македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб. Турскиот претставник вечерва во дербито на колото гостува кај Барселона.

Резултати и двојки за 7.коло во Евролигата:

А група: Нантер – Партизан 62:61, (денес) Будивелник – ЦСКА и Барселона – Фенербахче. Табела: Фенербахче 6-0, Барселона 4-2, ЦСКА 4-2, Нантер 3-4, Будивелник 1-5 и Партизан 1-6.

Б група: Бамберг – Реал Мадрид 69:89, (денес) Жалгирис – Армани и Анадолу Ефес – Стразбур. Табела: Реал Мадрид 7-0, Армани 4-2, Ефес 3-3, Жалгирис 2-4, Бамберг 2-5, Стразбур 1-5.

Ц група: Зиелона Гора – Уникаха Малага 67:84, Олимпијакос – Галатасарај 72:54, (денес) Монтепаски Сиена – Баерн Минхен.
Табела: Олимпијакос 7-0, Галатасарај 4-3, Баерн 3-3, Уникаха 3-4, Зиелона Гора 2-5 и Монтепаски 1-5.

Д група: Литвос Ритас – Локомотив Кубан 53:84, Црвена Ѕвезда – Макаби 76:78, (денес) Лаборал – Панатинаикос.
Табела: Кубан 6-1, Макаби 5-2, Панатинаикос 3-3, Лаборал 3-3, Црвена Ѕвезда 2-5 и Литвос 1-6.

Најчитани вести