Косово наскоро добива дозвола за играње пријателски натпревари, Република Српска сеуште ќе чека

Според пишувањето во српскиот весник „Политика“ Фудбалскиот сојуз на Србија нема да се противи на играњето пријателски натпревари на репрезентацијата на Косово, но единствен услов за такво нешто е овие дуели да се играат без државни обележја.

Овој став на српското фудбалско раководство доаѓа во пресрет на светскиот фудбалски самит закажан за 5 декември во Бразил.

Светската фудбалска организација – ФИФА минатиот месец го одби барањето на претседателот на ФС на Косово Фадиљ Фокри репрезентацијата на оваа земја да игра официјални натпревари, што беше поздравено од раководните луѓе во српскиот фудбал.

– ФИФА нема да дозволи Косово да игра официјални натпревари се додека државата не стане членка на Обединетите нации. Правилникот е сосема јасен и ние нема да дозволиме негово прекршување, изјави претѕседателот на ФС на Србија Томислав Караџиќ.

Сепак тој додаде дека Србија се залага за развој на фудбалот на Косово и поради тоа младите селекции на оваа земја, како и женските репрезентации имаат дозвола да играат пријателски натпревари со земјите кои ги имаат признаено.

Во меѓувреме претседателот на ФС на Хрватска Давор Шукер најави можен пријателски дуел со Косово во Приштина, во првиот слободен термин на ФИФА.

За разлика од дозволата на Косово да игра пријателски натпревари, и покрај барањето, ФИФА се уште нема дадено дозвола на сениораката репрезентација на Република Српска да одигра пријателски натпревар со Србија.

Најчитани вести