Во првиот дуел од 9.коло на македонското кошаркарско првенство денеска од 17 часот и 30 минути во салата „Градски Парк“ во Скопје ќе играат Работнички и Струмица.
Утрешната програма ќе ја отворат Фени Индустри и Лирија со натпреварот закажан за 18 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
Еден час подоцна во Куманово истоимениот тим е домаќин на Кожув во дуелот на македонските претставници во БИБЛ лигата.
Деветтото коло ќе биде заокружено утревечер со натпреварот во Битола меѓу Пелистер и Карпош Соколи закажан за 20 часот.
Слободниот тим во оваа рунда, Вардар Апаве во средата одигра дуел со Македонија Млади и победи со 91:78.
Табела: Лирија 13 бодови, Кожув 13, Работнички 13, Куманово 12, Струмица 11, Вардар Апаве 10, Фени Индустри 9, Карпош Соколи 8 и Пелистер Спорт 7.


