Случајот со полицискиот форензичар Детлеф Г. ја шокираше Германија откако го убил и распарчил својот четири години постар љубовник, кој го сретнал на интернет, а потоа наводно се обидел и да ги изеде деловите од телото.
Овој 55 годишен полицаец убиството го извршил во Дрезден, а со жртвата откако исконтактирале преку интернет страница за љубители на насилен секс, за првпат се сретнале на почетокот на ноември во железничката станица.
Кратко потоа тој го убил својот партнер и го исекол на парчиња со нож.
Во меѓувреме, бизнис партнерот на убиениот го пријавил неговото исчезнување во полиција. Благодарение на телефонските разговори преку неговиот мобилен, што се добиени од неговиот мобилен телефон и други електронски комуникациски траги, истражувачите на случајот го откриле осомничениот – својот колега Детлеф.

Тој признал дел од обвиненијата и им го покажал местото во ридовите до Дрезден, каде што ги закопал остатоците од телото.
На распарчениот труп со видливи траги од мачење, но засега не е јасно дали смртта е предизвикана намерно или е резултат на насилниот сексуален чин. Иследниците тврдат дека е можно убиецот да изел некои делови од телото на убиениот.
Шефот на полицијата во Дрезден, Дитер Крол изјавил дека убиениот човек, бизнисмен од Хановер, во раното детство сонувал дека некој ќе го убие и ќе го изеде, објави ББС.


