Мекејлеб одличен во дербито со Барселона

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб постигна 22 поени и беше прв стрелец во неговиот тим Фенербахче Улкер кој синоќа загуби на гостувањето кај Барселона во дербито од 7.коло на кошаркарската Евролига.

Ова беше дуел од А групата каде останува уште едно слободно место за следната фаза – ТОП 16. Од синоќа место меѓу 16.најдобри обезбедија токму Барселона и ЦСКА Москва. Претходно тоа го направија водечките екипи од сите четири групи.

Резултати во 7.коло и табели по групи:

А група: Нантер – Партизан 62:61, Будивелник – ЦСКА Москва 74:82 и Барселона – Фенербахче 94:81.

Табела: Фенербахче 6-1 (победи-порази), Барселона 5-2, ЦСКА 5-2, Нантер 3-4, Будивелник 1-6 и Партизан 1-6.

Б група: Бамберг – Реал Мадрид 69:89, Жалгирис – Армани 73:71 и Анадолу Ефес – Стразбур 88:65.

Табела: Реал Мадрид 7-0, Армани 4-3, Ефес 4-3, Жалгирис 3-4, Бамберг 2-5, Стразбур 1-6.

Ц група: Зиелона Гора – Уникаха Малага 67:84, Олимпијакос – Галатасарај 72:54 и Монтепаски Сиена – Баерн Минхен 71:62.

Табела: Олимпијакос 7-0, Галатасарај 4-3, Баерн 3-4, Уникаха 3-4, Зиелона Гора 2-5 и Монтепаски 2-5.

Д група: Литвос Ритас – Локомотив Кубан 53:84, Црвена Ѕвезда – Макаби 76:78 и Лаборал – Панатинаикос 79:77.

Табела: Кубан 6-1, Макаби 5-2, Лаборал 4-3, Панатинаикос 3-4, Црвена Ѕвезда 2-5 и Литвос 1-6.

Најчитани вести