ВИДЕО: Атланта со пресврт до победа против Далас

По еднодневната пауза поради „Денот на благодарност“, во НБА лигата ноќеска се одиграа 13 натпревари, а тимот на Перо Антиќ со пресврт во второто полувреме стигна до триумф над Далас.

Македонскиот интернационалец не настапи на овој дуел и ќе чека шанса да добие минутажа на вечерашното гостување кај Вашингтон.

Постигнати резултати на ноќешните НБА натпревари: Шарлот – Милвоки 92:76, Орландо – Сан Антонио 91:109, Торонто – Мајами 83:90, Атланта – Далас 88:87, Бостон – Кливленд 103:86, Детроит – ЛА Лејкерс 102:106, Хјустон – Бруклин 114:95, Оклахома – Голден Стејт 113:112 (по продолжение), Индијана – Вашингтон 93:73, Филедлфија – Њу Орлеанс 105:121, Денвер – Њујорк 97:95, Јута – Феникс 101:112 и Сакраменто ЛА Клиперс 98:104 (по продолжение).

Вечерва играат Вашингтон – Атланта, Кливленд – Чикаго, Мемфис – Бруклин, Далас – Минесота, Сан Антонио – Хјустон, Феникс – Јута и Милвоки – Бостон.

Табела Источна конференција: Индијана 15-1 (победи – порази), Мајами 13-3, Атланта 9-8, Чикаго 7-7, Шарлот 8-9,…

Табела Западна конференција: Сан Антонио 14-2 (победи – порази), Портланд 13-3, Оклахома Сити 11-3, ЛА Клиперс 12-5, Хјустон 12-5,…

Најчитани вести