АлтерНет
Претворањето на сиромашните населби во пожелен имот за новите елити често бара отстранување на сиромашните: за многумина, затворите стануваат нивен нов дом
САД предначат во светот по бројот на затвореници: 2,7 милиони луѓе се во затвор, а повеќе од 4,8 на условна слобода. Посебно тешко се погодени малцинствата, кои сочинуваат 39,4 проценти од жителите во затворите, а секој трет црн ќе отслужи затворска казна во неговиот живот.
Како тоа нашата земја, која нели е светилникот на слободата и демократијата за остатокот од светот, праќа толку свои граѓани во затвор?
Вообичаено, порастот на комбинацијата од лошиот расизам и никсоновата војна против дрогите, по која следуваа рокфелеровиот закон „трета казна“ во Њујорк, а потоа и со Законот за реформи на затворите од 1984 со мандатните казнувања. Додека расизмот и овие закони дефинитивно овозможуваат зголемена можност да се затворат милиони заради прекршување според бесмислените закони за прохибиции, тие сепак не ја кажуваат сета приказна.
Расизмот беше толку заразен, ако не и повеќе, долго пред драматичниот прораст на затвореници кои беа пратени во затворите во 80-ите и 90-ите. Само затоа што имаме драконски закони во правото, но ниту тоа не објаснува зошто се тие толку ревносно практикувани. Исто така тоа не обаснува ни зошто толку многу луѓе ризикуваат да одат во затвор, знаејќи ја големата шанса да бидат фатени.
Ако копаме подлабоко, ќе видиме дека порастот на затвореници се совпаѓа со порастот на кредитирањето и со драматичниот пораст на приходите на Волстрит. Се разбира, само затоа што линиите на трендот и растат и паѓаат, тоа не значи дека е едната причина за другата. Но ова совпаѓање е повеќе од чиста случајност.
Всушност, можеме да докажеме дузина други трендови во врска со кредитирањето, богатството и растот на приходите кај американската елита, кои ги следат истите матрици во текот на истите години како и стапката на затворања. Која е врската?
„Олабавувањата“ за Волстрит го уништуваат производството, постарите урбани населби и порастот на мобилноста на црната Америка
До крајот на 70-ите, нашиот политички естаблиштмент се фати за новиот експеримент за да ја извади нацијата надвор од стагфлација (разурнувачка комбинација од висока невработеност и висока инфлација). За да го остварат тоа, неолибералните економисти убедливо тврдеа дека Волстрит треба да се олабави од законите и дека даноците на богатство треба да се намалат за да се рашири една нова претприемачка активност која сите ќе не направи богати.
Претприемачката активност дефинитивно порасна, и тоа одмазнички. Наместо да создава нови работни места и индустрии кои ќе овозожат просперитет за сите, новиот и закрепнат Волстрит почна да го разнебитува американското производство. Целта им беше, и се уште е, да прави пари од пари, а не да прави пари со создавање потребни добра и услуги. Главниот производ на Волстрит за Америка е долгот. А нивните профити доаѓаат со товарење на земјата со истиот, а потоа собирање на кајмакот од натрупаните камати.
Бран по бран од финансиски корпоративни пљачкосувачи (кои сега учтиво се нарекуваат приватни фирми за капитал од акции) изникнаа за да го вцицаат приливот од кеш надвор од здравите производствени капацитети. Волстрит, сега ослободен од стегите на Новиот договор, ги товареше компаниите со долгови, ги намали истражувањата и техничкиот развој, се нафрли врз пензиските фондови, ги скрати платите и бенефитите, и ги десеткуваше добро платените работни места во САД, и истера многу луѓе надвор од земјата. Слободниот проток на кеш беше искористен за да се исплатат финансиерите, да се купуваат производи за да се поачат цените, и за да се исплаќаат дивиденди. Скоро половина од опљачканите компании пропадна додека срцето на Америка за само неколку години се претвори во Кородираниот појас.
Но Волстрит просперираше додека нивните профити до 2003 година пораснаа до скоро 40 проценти од сите корпорациски профити, што е огромен пораст од 10-те проценти во 1982 година. (Ќе ни треба многу повеќе простор од ова што го имаме пред нас за да објасниме зошто ова има малку врска со „нефер“ странската конкуренција. Можеме истото да го покажеме преку таканаречените договори за слободна трговија, кои беа создадени од финасиерите за да ги промовираат нивните интереси, а не нашите).
Катастрофалниот колапс во работните мста во производството беше делумно трагичен за црните американци кои во првите децении по Втората светска војна имаа пораст на стандардот на живот и се повеќе влегуваа во повиско платените индустрии. Додека лешинарте од Волстрит го исцицуваа животот од овие индустрии, црните американци се најдоа во замрени урбани области каде следна најдобро платена работа во производството беше половина од она што претходно го добиваа. Ако имаа среќа, младите мажи и жени од малцинствата можеа да најдат работа во јавниот сектор кој сеуште имаше свои синдикати. Поовобичаено ретките работни места можеа да се најдат во ланците на ресторани за брза храна, во супермаркетите, складиштата, и во пониските ешалони во здравствениот систем. Сепак, севкупно стапката на невработеност растеше, посебно помеѓу малцинската младина. Учеството во подземната економија често стануваше единственото средство за преживување.
Кредитирање, реновирање на куќите и отстранување на ниско платеното население
Не само што кредитирањето го уништи средноприходното производство во урбаните области, туку овој процес исто така ги премести и нископриходните населби преку реновирањата на куќите. Порастот на високпроходни финансиери (и желбата се повеќе банки да им позајмуваат пари) создаде зголемен притсок врз цените на домувањето во урбаните области кои им беа омилени на елитите, како што се Њујорк, Чикаго или Сан Франциско. Како што брзо растеше цената на земјиштето, нископриходното население беше истиснато од нивните населби, кои сега израснаа во модерни населби со куќи и апартмани за богатите. (Вообичаено, децата на добронамерноста несвесно служеа како претходница додека тие нагрнуваа во нископриходните области во големите гардови, и си бараа издршка како уметници и млади професионалци).
Додека стотици населби се трансформираа, населението со повиски приходи бараше поголема заштита од алтернативната нископриходна економија, наречена „криминал по улиците“. Додека градоначалниците им се подлизуваа на новите елити, се порасна борјот на полициските патроли, а порасна и затворањето на луѓе проеку програмите „сопри и претреси“ кој без исклучок за цел ги имаа малцинствата.
Едноставно кажано, заради финансиските интереси сиромашните населби да се трансформираат во пожелни имоти за новите елити, беше неопхдно да се ослободат од сиромашното населние. За многумина, затворите станаа нивниот нов дом.
Цените на куќите скокнаа и се продолжи со уништување на нископриходните населби и пристојно платените работни места во јавниот сектор. Финансискоте интереси не само што се хранеа од продуктивните фирми, туку се нафрлија и врз потрошувачкиот долг (што е уште еден показател кој ја отсликува стапката на затворања на луѓе)
Надувувањето на балонот во домувањето, кое целосно беше направено од Волстрит, создаде огромна побарувачка за ефтини хипотеки за да ги спакува во залози кои потоа станаа отровни. Кога балонот пукна, најголемите губитници беа нископриходните сопственици на домови кои мислеа дека конечно дофатиле дел од американскиот сон. Со падот на цените на домувањето, тие се најдоа заглибени и/или како живеат во населби со стотици напуштени домови. Нивнте долгови останаа, додека како што сите знаеме, најбогатите помеѓу богатите се извлекоа.
Поради крахот на Волстрит, за приходи гладните области во Кородираниот појас беа уште еднаш погодени. Со стапка на невработеност поголема од кога било по Големата депресија, паднаа приходите на фирмите и работниците, што доведе до кратење на работните места во јавниот сектор и нивние бенефити – само малку од малцинствата имаа среќа да дојдат до средноприходни работни места додека опаѓаше производството во претходните децении.
Детроит стана пример за лакомоста која ја донесе кредитирањето. Водечките корпоративни пљачкосувачи и приватните фирми за капитал на акции го исцицаа животот од производството низ целата држава Мичиген. Потоа распадот на Волстрит дотолчи уште повеќе работни места и сосема ја сотре даночната база, што доведе до урбани банкротства и уште повеќе затворање на работни места во јавниот сектор.
Програмата на Волстрит за отворање на работни места: Затворање на луѓе
Што ќе се случи со сите овие невработени, со оглед на масовниот недостаток од работни места? Што ќе се случи со оние фатени во стапица во населби преплавени со напуштени домови? Каде е програмата за работни места за милиони луѓе на кои таа им е најпотребна?
Високите финансии е одговорот кој сега де факто е и политика на владата – да се стават иселените, невработените, „вишокот“ млади во затвори.
Затоа што финансиските интереси и нивните крони политичари немаат никаков интерес за традиционалните програми за работни места, кои ќе вратат на работа милиони млади. Наместо тоа тие прават се што можат за да ги вратат програмите за финаисика помош во Америка. Што помалку владата троши на јавни услуги и на програми за безбедносни мрежи, толку повеќе пари ќе има за поддршка на Волстрит. Додека се кратат владините служби, државните и локалните влади мораат уште повеќе да му вратат на Волстрит со цел да се финансираат инфраструктурните проекти (каде вкупните трошоци меѓу кои и исплатата на камати се вообичаено неколку пати повисоки од првичните трошоци за изградба).
Создавањето на супер профити на Волстрит може само да продолжи само ако јавните и потрошувачките финансии се префрлат во повиски финансирања преку исплата на каматите по заемите. Затоа програмите за отварање на јавни работни места се надвор од интерес, а двете страни „се убедени“ (со прилози во кампањи) дека не можеме да си ги дозволиме.
Тоа не остава само со една и единствена програма за отварање на работни места – со праќање на луѓе во затвори – која е исто така шанса за раст на Волстрит. Додека опаѓаат јавните приходи, ќе се зголеми притисокот да се приватизираат се повеќе казнени установи и функции за спроведување на законот, што отвара сомнителни можности за уште повеќе приватизации и повеќе заеми од Волстрит за тоа да се оствари.
Затоа, ајде да ги легализираме дрогите, да се откачиме од мандаторните казнувања и да ја забраниме „стоп и претреси“. Но се додека се справуваме со кредитирањето и со неговото уништување на населбите и работните места, ќе насочиме уште една генерација во подземната економија – и во затвор.


