Втор пораз за Македонија на турнирот во Врњачка Бања

На ракометниот турнир во соседна Србија, женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз, во 2.коло од „црвено-жолтите“ подобри беа ракометарките на Ангола со 31:24.

На полувремето противничките на селекторот Ристо Магдинчев губеа со 13:11.

Вчера во првото коло Македонија загуби од Хрватска со 30:20, а утре настапот на турнирот го завршува против домаќинот Србија.

Македонија во составот ги нема повредените Елена Ѓорѓиевска, Дијана Наумовска и Наташа Младеновска.

Најчитани вести