(ВИДЕО) Мазгалоска Вучетиќ: Не доставуваме лични желби, доставуваме амандмани во интерес на граѓаните

Пратеничката Светлана Мазгалоска Вучетиќ од СДСМ дискутираше на деветтото продолжение на седница бр.80 на Комисија за финансирање и буџет и во својот говор посочи дека кога би постоела добра волја и кога луѓето кои што ги бираат граѓаните размислуваат за реалните проблеми, а не за поени во нивната кариера, тогаш многу би било реално решението во текот на ланската година наместо само за населеното место Чанаклија да се реши проблемот со водата и во околните населени места.

-Има многу амандмани, министре кои се поднесени во делот на патишта, амандмани кои што се поднесени во делот на водовод и како што рече колегата Ердоган, ако министерот имаше нобра волја и од ваша страна, рече Мазгалоска Вучетиќ и додаде: „Бидејќи ние сите тука доставуваме амандмани, ние не доставуваме лични желби и вие исто така не решавате лични желби. Сите сме, и ние и вие, во интерес на граѓаните на Република Македонија и нас и вас не бирале истите и се што треба да направиме, кога се работи еден буџет“.

-Јас се сеќавам на еден период, не бев пратеник, но ги пратев тие расправи кога министерот Трајко Славески имаше многу конструктивни расправи во овој собраниски дом и имаше расправи кога се прифаќале одредени амандмани, меѓутоа не само колку да се каже овој е прифатен овој не е прифатен, со дебати, со објаснување и сите да бидат во корист на граѓаните. Немаме корист нити вие нити јас ако кажете се прифаќа, не се прифаќа, сето тоа да биде направено, реално, онака како што би требало во интерес на оние кои што не бираат, истакна Мазгалоска Вучетиќ.

Најчитани вести