НБА: Атланта загуби од Вашингтон

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ одигра девет минути и не успеа да погоди во двата обида на ноќешното гостување на неговиот клуб Аталанта која загуби од Вашингтон со 108:101.

Клучна за победата на Вашингтон беше разликата направена во првиот период кој го доби со 28:20.

Резултати на другите ноќешни НБА натпревари: Кливленд – Чикаго 97:93, Мемфис – Бруклин 88:97, Далас – Минесота 106:112, Сан Антонио – Хјустон 106:112, Феникс – Јута 104:112 и Милвоки – Бостон 92:85.

Вечерва се играат осум натпревари: Торонто – Денвер, ЛА Клиперс – Индијана, Детроит – Филаделфија, Сакраменто – Голден Стејт, Мајами – Шарлот, Оклахома – Минесота, Њујорк – Њо Орлеанс, ЛА Лејкерс – Портланд.

Табела Источна конференција: Индијана 15-1 (победи – порази), Мајами 13-3, Атланта 9-9, Вашингтон 8-9, Шарлот 8-9, Чикаго 7-8,…

Табела Западна конференција: Сан Антонио 14-3 (победи – порази), Портланд 13-3, Оклахома Сити 11-3, ЛА Клиперс 12-5, Хјустон 13-5,

Најчитани вести