Италијанската мотоциклистичка федерација (FMI) реши да ги откаже преостанатите настани на Сик Супермото како знак на почит кон трагично погинатиот Дориано Ромбони и неговата фамилија.
Возачот Ромбони им подлегна на повредите вчера попладнето во болницата Санта Мариа Горети во Италија, по несреќата на ревијалната трка којашто беше одржана во спомен на Марко Симончели.
Паоло Сести, претседателот на FMI изјави: По трагичната несреќа којашто го чинеше животот на Дориано, решивме да ги откажеме преостанатите настани од Сик Супермото Деј како знак на почит кон Дориано и неговата фамилија. Загубивме сакана и драга личност, почитувана помеѓу интернационалните мотоциклистички кругови.
Во својата кариера, Ромбони освои шест победи, вкупно 22 подиуми и седум пол – позиции.


