Со убедлив пораз од 20 голови разлика против домашната селекција, македонските ракометни репрезентативки денеска како последни го завршија Меѓународниот турнир „Трофеј Србија“ кој се одржуваше во Врњачка Бања. Конечниот резултат Србија – Македонија е 37:17 (полувреме 19:10).
За Македонија ова беше трет пораз во исто толку натпревари, а убедливата победа за Србинките беше доволна на крајот да го освојат трофејот.
На првиот дуел од 3.коло Ангола ја победи Хрватска со 29:26.
Хрватска со две победи и еден пораз го освои второто место, а Ангола со една победа и два пораза е трета.


