Екипата на Удинезе не издржа до крај на вечерашното гостување кај лидерот Јувентус, бидејќи Фернандо Љоренте со гол во првата од четирите минути судиско надополнување погоди и му донесе три бода на шампионот во Серија А.
Со оваа победа, Јувентус во однос на второпласираната Рома се одлепи на три бода разлика на врвот на табелата.
На другите денешни средби од 14.коло во Серија А постигнати се овие резултати: Катанија – Милан 1:3, Аталанта – Рома 1:1, Каљари – Сасуоло 1:1, Киево – Ливорно 3:0 и Интер – Сампдорија 1:1.
Вчера: Парма – Болоња 1:1, Џенова – Торино 1:1.
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите: Фиорентина – Верона и Лацио – Наполи.
Табела: Јувентус 37 бодови (14 натпревари), Рома 34 бодови (14), Наполи 28 (13), Интер 27 (14), Фиорентина 24 (13), Верона 22 (13)


