Потресна исповед на кошаркарот Тодор Гечевски за борбата со болеста на својот син

Потресна изповед на семејството на кошаркарот Тодор Гечевски за борбата со болеста на својот син. Еве мал извадок од интервјуто во Вест:

Се­га, по шест години борба, која е вашата препорака до родителите што сега се со­о­чу­ва­ат со проблемот аутизам?

– Нај­важ­на е размената на искуствата. Собираш информации во потрага по решение. На многу родители не им е пријатно да зборуваат, ама ако не се консултираш, не мо­жеш да се снајдеш. Ние постојано се консултираме. Ако не сме се консултирале, како би знаеле дека смее да јаде зеленчук, овошје, месо, безглутенски производи. Дека не смее пченица, овес, јачмен, ‘рж, млеко и млечни производи. Дури сега по малку козјо мле­ко му даваме. Не смее да јаде солено. Не смее шеќери. Соја не смее. Му даваме чо­ко­ла­до без шеќер и без млеко. Ама тоа се години во кои сме научиле што смее, што не смее. Сега веќе го гледаме и него кога е дома дека си зема од неговите работи. Не­ко­гаш со жена ми ќе се погледнеме и ќе се запрашаме па што да му дадеме ако сe не смее. Ама така е кога сите родители се сами доктори. Ќе почне да прими нешто што сме слушнале дека е добро и ако почне да прави невообичаени движења, веднаш го тргаме. Веќе знаеме што му пречи, а што не. Сe што е ново, сами го тестираме. Ќе го примениме, па ќе го тргнеме. А сe е многу скапо. Многу скапи се капките, ин­јек­ци­и­те, суплементите. Сите родители сами плаќаат. Многу родители земаат кредити за да ги купат инјекциите. Многу од родителите се откажуваат од земање суплементи оти им се скапи, а тоа значи се откажуваат од терапијата, од понатамошното лекување. Ние ќе се бориме докрај, додека можеме. И со секој нов ден се надеваме дека еден ден сe ќе биде во ред.

Целото интервју можете да го прочитате овде.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести