Гостинските екипи поуспешни во синоќешните натпревари од НБА лигата

Пет победи забележаа гостинските екипи на осумте натпревари во најсилната светска кошаркарска лига – НБА одиграни синоќа.

Лидерот на Истокот, Индијана продолжува со одличните игри и на гостувањето во Лос Анџелес против Клиперс ја постигна 16.победа, додека второпласираниот Мајами во неизвесен финиш стигна до победата број 14.

Постигнати резултати: Торонто – Денвер 98:112, ЛА Клиперс – Индијана 100:105, Детроит – Филаделфија 115:100, Сакраменто – Голден Стејт 113:115, Мајами – Шарлот 99:98, Оклахома – Минесота 113:103, Њујорк – Њо Орлеанс 99:103 и ЛА Лејкерс – Портланд 108:114.

Вечерва се играат пет натпревари: Вашингтон – Орландо, Чикаго – Њу Орлеанс, Сан Антонио – Атланта, Јута – Хјустон и Портланд – Индијана.

Табела Источна конференција: Индијана 16-1 (победи – порази), Мајами 14-3, Атланта 9-9, Вашингтон 8-9, Чикаго 7-8, Шарлот 8-10,…

Табела Западна конференција: Сан Антонио 14-3 (победи – порази), Портланд 14-3, Оклахома Сити 12-3, ЛА Клиперс 12-6, Хјустон 13-5, Денвер 10-6,…

Најчитани вести