Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на последната промена на ВТА листата објавена денеска го има најдобриот ранг во својата кариера.
Ѓорческа се наоѓа на 518 место откако и беа впишани 4 поени од фјучрсот во Анталија. Нашата тенисерка има вкупно 63 поени, а претходно беше на 535.место.
И во конкуренција на двојки Ѓорческа оваа недела има најдобар ранг откако се проби на 409 место со вкупно 126 поени.
Во конкуренција на двојки на листата е рангирана и втората македонска тенисерка, која настапува на фјучрс турнирите Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1.266 место.


