(ВИДЕО) Пандев со гол и асистенција во неговиот 300. натпревар во Серија А

Во својот 300.натпревар од Италијанското фудбалско првенство, Македонецот Горан Пандев синоќа на „Олимпико“ во Рим постигна гол и придонесе во победата на неговиот Наполи над Лацио со 4:2. Освен што беше стрелец во 50.минута за водство во тој момент од 2:1, Пандев во 72.минута му асистираше на Гонзало Игуаин за 3:1, а набргу потоа беше заменет.

Со овој триумф Наполи се зацврсти на 3.место на табелата со 31 бод, три помалку од второпласираната Рома и шест бода заостанување зад лидерот Јувентус. Лацио остана на 9.позиција со 17 бодови.

На другиот синоќешен дуел од 14.коло во Серија А, Фиорентина на домашен терен ја победи Верона со 4:3. Сега Фиорентина е петта со 27 бода, додека Верона со 22 бода остана на 6.место.

Најчитани вести