Андреа Пирло, еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион Јувентус го очекува подолга пауза од фудбалските терени поради повреда на коленото. Италијанскиот репрезентативец во неделата на натпреварот Јувентус – Удинезе при еден дуел со противнички играч по само шест минути игра, ги повреди лигаментите на десното колено и според лекарите, што се однесува до играње фудбал за него годината е завршена, а паузата можеби ќе трае два месеци.
Повредата за поранешниот играч на Интер и на Милан доаѓа во време кога тој игра во извонредна форма и е меѓу најзаслужните за добрите резултати на „Старата Дама“.


