Gallup: Македонските граѓани страдаат повеќе од оние во Сирија и Авганистан

Американската агенција Галуп, ги класифицираше граѓаните во светот на успешни, оние кои се борат за нивните животи и оние кои страдаат. На оваа неславна листа, Бугарија е трета година по ред водечка по бројот на граѓани кои страдаат во животот.

Дури 39 отсто од граѓаните на Бугарија изјавиле дека животот е толку тежок што може да се смета дека е страдање. Македонците се „пласираа“ на седмото место.

Зад Бугарија се наоѓаат Ерменија (37 проценти), Камбоџа (35 проценти), Хаити (32 проценти), Унгарија (32 проценти), Мадагаскар (31 проценти), Македонија (31 проценти), Иран (31 проценти) , Сирија (29 проценти), Авганистан (29 проценти), Либан (29 проценти) и Танзанија (28 проценти).

Граѓаните ги оценувале од 1 до 10 нивните сегашни животи и очекувањата за иднината. Оние кои имаат дадено оценка четири или пониска, се во состојба на страдање.

Србија и Црна Гора се наоѓаат на 23-то и 24-то место, Словенците на 54-то а Хрватите на 62-ро место.

Гледајќи по региони и континенти, највеќе луѓе кои страдаат има во Азија, 24 проценти. После нив, следат жителите на Балканот, Блискиот Исток и Северна Африка со 21 проценти.

Најудобен живот имаат државјаните на Исланд, Катар, Шведска, Норвешка, Обединетите Арапски Емирати, Нигерија, Швајцарија, Венецуела, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Данска, Тајланд , Холандија, Кувајт и Либија.

Најчитани вести